Нов Завет

1 Јован 1:4-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. Тоа ви го пишуваме за да биде ра­доста наша потполна.

5. А известувањето, пак, што го чувме од Него и вам ви го предаваме, е тоа де­ка Бог е светлина, и во Него нема ни­каква темнина.

6. Ако речеме дека со Него имаме заедништво, а одиме во темнина, тогаш лажеме и не постапуваме според вистината.

7. А ако, пак, во светлина одиме, како што е Тој самиот во светлина, тоа значи дека ние еден со друг имаме заед­ниш­тво, и крвта на Исус Христос, Неговиот Син, нѐ очистува од секаков грев.

8. Ако кажеме дека немаме грев, се ла­жеме сами себе, и вистината не е во нас.

9. Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прос­ти гревовите и да нѐ очисти од секаква неправда.

10. Ако, пак, речеме дека не сме згре­шиле, Него Го правиме лажливец, и словото Негово не е во нас.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 1