5. Аскалон ќе го види тоа и ќе се исплаши, а Газа ќе затрепери сета, и Акарон, зашто го измами надежта: ќе го снема царот од Газа, Аскалон ќе остане пуст.
6. „Туѓинци ќе живеат во Азот! Ќе ја сотрам гордоста на Филистејците,
7. ќе им ги отстранам крвта од устата и гадоста од забите. И тие ќе Му припаднат на нашиот Бог и ќе бидат како водач во Јудеја, а Акарон ќе биде како Евусеец.
8. И ќе се настанам како стража покрај Својот Дом, против оние кои доаѓаат и заминуваат; угнетувач веќе нема да поминува оттука, зашто ја видов неговата беда.
9. Ликувај од радост Сионска Ќерко! Воскликнувај, Ерусалимска Ќерко! Еве твојот Цар иде при тебе: справедлив е и спасува, кроток и седнал на осле, на ослица, младенче на ослицата.
10. Тогаш ќе ги истребам колите на Ефрем и коњите во Ерусалим; и ќе биде скршен бојниот лак. Тој ќе им навести мир на народите; власта ќе му се прошири од море до море и од Реката до краиштата на земјата.
11. А и тебе, заради крвта на твојот Завет, ќе ти ги ослободам твоите заточеници од безводните јами.
12. Вратете се во тврдината, заточеници полни со надеж, уште денес - Јас навестувам - двојно ќе ти вратам.
13. Зашто, Јуда го оптегнав како лак, а Ефрема го ставив како стрела: твоите синови, о Сионе, ќе ги подигнам против твоите синови, о Јаване - и ќе те направам како меч на јунак.”
14. Тогаш Господ ќе се појави над нив и Неговата стрела ќе лета како молња. Господ Бог ќе затруби во рог, ќе оди врз јужните виори.
15. Господ над Силите ќе ги заштити, и тие ќе ги газат со нозе камењата од праќките, ќе пијат и ќе подвикнуваат како од вино, ќе се наполнат како жртвените чаши, како аглите на жртвеникот.