Стар Завет

Нов Завет

Захарија 9:15-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Господ над Силите ќе ги заштити, и тие ќе ги газат со нозе камењата од праќките, ќе пијат и ќе подвикнуваат како од вино, ќе се наполнат како жртвените чаши, како аглите на жртвеникот.

16. Господ Бог нивниот ќе ги спаси во оној ден; како стадо Тој ќе го пасе Својот народ; како бесцено камење на круната, тие ќе блескаат во Неговата земја.

17. Ах, колку среќен, колку убав, ќе биде! Младите ќе растат од жито, а девиците од благото вино.

Прочитајте целосна глава Захарија 9