Стар Завет

Нов Завет

Захарија 9:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Бреме на Господовото слово против земјата Адрах и Дамаск, негово почивалиште; Зашто Господови се градовите на Арам и сите племиња на Израел.

2. Емат исто така, кој граничи со нив,

3. и Тир и Сидон, толку мудар. Тир изгради тврди ѕидишта, собра сребро како прав и злато како кал од улиците.

4. Но ете, Господ ќе го освои, ќе ја фрли во море неговата сила, а него ќе го проголта оган.

5. Аскалон ќе го види тоа и ќе се исплаши, а Газа ќе затрепери сета, и Акарон, зашто го измами надежта: ќе го снема царот од Газа, Аскалон ќе остане пуст.

6. „Туѓинци ќе живеат во Азот! Ќе ја сотрам гордоста на Филистејците,

7. ќе им ги отстранам крвта од устата и гадоста од забите. И тие ќе Му припаднат на нашиот Бог и ќе бидат како водач во Јудеја, а Акарон ќе биде како Евусеец.

8. И ќе се настанам како стража покрај Својот Дом, против оние кои доаѓаат и заминуваат; угнетувач веќе нема да поминува оттука, зашто ја видов неговата беда.

9. Ликувај од радост Сионска Ќерко! Воскликнувај, Ерусалимска Ќерко! Еве твојот Цар иде при тебе: справедлив е и спасува, кроток и седнал на осле, на ослица, младенче на ослицата.

10. Тогаш ќе ги истребам колите на Ефрем и коњите во Ерусалим; и ќе биде скршен бојниот лак. Тој ќе им навести мир на народите; власта ќе му се прошири од море до море и од Реката до краиштата на земјата.

11. А и тебе, заради крвта на твојот Завет, ќе ти ги ослободам твоите заточеници од безводните јами.

Прочитајте целосна глава Захарија 9