Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 9:10-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. И Господ ми даде две камени плочи, напишани со Божји прст, на кои беа сите зборови што ви ги кажа Господ од среде огнот на гората во денот на собирот.

11. Кога поминаа четириесет денови и четириесет ноќи, Господ ми даде две камени плочи - плочи на Заветот.

12. И Господ ми рече: ‘Стани! Слези итно оттука, зашто се расипа твојот народ, кого го изведе од Египет. Брзо слегоа од патот што им го означив: веќе си направија леан лик.’

13. Уште Господ ми рече: ‘Го набљудував тој народ. Навистина тоа е коравовратен народ!

14. Остави ме да ги уништам и да го избришам нивното име под небесата, а од тебе да направам народ и посилен и поброен отколку што е овој!’

15. Се свртив и слегов низ планина, а гората постојано пламтеше во оган. Двете плочи на Заветот ми беа во рацете.

16. Погледнав: навистина згрешивте против Господа, својот Бог. Си одлеавте теле. Така бргу се отклонивте од патот што Господ ви го беше посочил.

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 9