Стар Завет

Нов Завет

Втзакон. (5 Moj.) 23:10-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. „Ако некој меѓу твоите стана нечист заради ноќното излевање, нека излезе од логорот и нека не се враќа во него.

11. А приквечер нека се искапе во вода, па по зајдисонце може пак во логорот.

12. Имај место надвор од живеалиштето каде ќе одиш понадвор.

13. Со својата спрема носи и лопатче; со него, кога ќе одиш понадвор, ќе ископаш дупка и после ќе ја покриеш својата нечистота.

14. Та Господ, твојот Бог, оди низ средината на твојот логор за да те штити и за да ти ги предаде твоите непријатели. Затоа и твојот логор треба да биде свет. Нека Господ не забележи ништо нечисто во тебе, за да не се одврати од тебе.”

15. „Не смееш да му го предадеш на господарот робот, кој пребегал при тебе.

Прочитајте целосна глава Втзакон. (5 Moj.) 23