Стар Завет

Нов Завет

Судии 21:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Израелевите луѓе се заколнаа вака во Миспа: „Никој од нас не ќе даде своја ќерка за жена на Венијаминов син.”

2. И народот отиде во Ветил и остана таму пред Господа до вечерта, тажејќи и плачејќи.

3. Зборуваа: „Зошто, о Господи, Израелев Боже, требаше да се случи оваа несреќа, за да му снема денес едно племе на Израел?”

4. Утреден луѓето поранија и изградија таму жртвеник; принесоа паленици и помирителни жртви.

5. Тогаш Израелците прашаа: „Има ли некое од сите Израелеви племиња што не дошло на собирот при Господа?” Зашто свечено се заколнаа дека ќе го погубат оној, кој не ќе дојде во Миспа при Господа.

Прочитајте целосна глава Судии 21