Стар Завет

Нов Завет

Судии 14:2-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Откако се врати, им го довери тоа на таткото и на мајката: „Забележав во Тамнат - рече тој - девојка од филистејските ќерки: оженете ме со неа.”

3. Таткото и мајката рекоа: „Зар нема девојки меѓу ќерките на твоето племе и во сиот наш народ, па ти одиш да земеш жена од необрезаните Филистејци?” Но Самсон му одговори на татка си: „Ожени ме со неа, зашто таа ми замиле.”

4. Таткото и мајката не знаеја дека тоа е од Господа, Кој бараше закачка со Филистејците, зашто во тоа време Филистејците владееја над Израел.

5. Така Самсон слезе во Тамнат и кога дојде во Тамнатските Лозја, ете - одненадеж пред него скокна млад лав, рикајќи.

6. Господовиот Дух го опфати Самсона и тој голорак го раскина лавот, како што се раскинува јаре; но не им кажа ни на таткото ни на мајката што направил.

7. Откако дојде, разговараше со девојката, и така му замиле.

8. По некое време, кога се врати да ја одведе, Самсон сврти за да го види мртвиот лав, а ете во мртвиот лав рој пчели и мед.

Прочитајте целосна глава Судии 14