Стар Завет

Нов Завет

Судии 13:10-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Жената отрча брзо за да го извести мажот и му рече: „Ете, ми се јави човекот, кој дојде кај мене во оној ден.”

11. Маној стана, тргна по жената, и кога дојде при човекот, го праша: „Дали си ти оној, кој зборуваше со женава?” А тој одговори: „Јас сум.”

12. ”Кога ќе се исполни она што си го рекол - пак рече Маној - според кои прописи и како треба да се постапува со детето?”

13. Господовиот Ангел му одговори на Маноја: „Жената нека се чува од сè што и забранив.

14. Нека не ужива ништо што доаѓа од виновата лоза, нека не пие ни вино ни жестоки пијалаци, нека не јаде ништо нечисто, и нека пази сè што и заповедав.”

15. Тогаш Маној му рече на Господовиот Ангел: „Со задоволство ќе те задржиме и ќе те нагостиме со јаре.”

16. На тоа Господовиот Ангел му рече на Маноја: „ И да ме задржиш, јас не ќе јадам од твоето јадење, туку ако сакаш да жртвуваш паленица, принеси Му ја на Господа.” Маној не знаејќи дека тоа е Господов Ангел,

17. и му рече на Господовиот Ангел: „Како ти е името, за да можеме да те почестиме кога ќе се исполни она што го рече.”

18. Господовиот Ангел му одговори: „Зошто прашуваш за моето име? Тоа е таинствено.”

19. Тогаш Маној зеде јаре и лебен принос па Му ги жртвува, врз камен, како паленица на Господа, Кој прави таинствени работи.

20. Кога пламенот од жртвеникот почна да се вишка кон небото, Господовиот Ангел се дигна во пламенот. Кога Маној и неговата жена го видоа тоа, паднаа со лицето на земја.

Прочитајте целосна глава Судии 13