Стар Завет

Нов Завет

Судии 10:2-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Му беше судија на Израел дваесет и три години, а кога умре, го погребаа во Самир.

3. По него стана Галатецот Јаир, кој му беше судија на Израел дваесет и две години.

4. Имаше триесет синови, кои јаваа на триесет ослиња и имаа триесет градови, што се наречени до денешен ден Јаирови Села, а се наоѓаат во Галадската Земја.

5. Кога умре Јаир, го закопаа во Камон.

6. Израелевите синови продолжија да прават зло пред Господовите очи. Им служеа на ваалите и на астартите, на арамејските богови и на сидонските богови, на боговите на Моавците и на боговите на Филистејците. А Го напуштија Господа и веќе не Му служеа.

7. Тогаш Господ пламна со гнев и ги предаде во рацете на Филистејците и Амонците.

Прочитајте целосна глава Судии 10