Стар Завет

Нов Завет

Судии 10:15-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Израелевите синови Му одговорија на Господа: „Согрешивме! Прави со нас што Ти е угодно, само избави нè денес!”

16. И ги отстранија туѓите богови и почнаа пак да му служат на Господа. А Господ веќе не можеше да трпи Израелците да патат.

17. Кога Амонците се собраа и се влогорија во Галад, се собраа и Израелците и се влогорија во Миспа.

18. Тогаш народот и галадските началнци си рекоа едни на други: „Кој човек ќе нè поведе во бој против Амонците, нека биде началник на сите жители на Галад.”

Прочитајте целосна глава Судии 10