Стар Завет

Нов Завет

Судии 10:10-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Тогаш Израелевите синови извикаа кон Господа, велејќи: „Грешевме кон Тебе зашто Го оставивме Господа, нашиот Бог, за да им служиме на ваалите.”

11. А Господ им одговори на Израелците: „Нели ве угнетуваа Египетците и Аморејците, Амонците и Филистејците,

12. Сидонците, Амаликците и Маонците? Но кога извикавте кон Мене, нели ве избавив од нивните раце?

13. А вие ме оставивте Мене и почнавте да им служите на други богови. Заради тоа не ќе ве избавам веќе.

14. Одете и викајте им за помош на оние богови што сте ги избрале! Тие нека ве избават од вашата неволја!”

15. Израелевите синови Му одговорија на Господа: „Согрешивме! Прави со нас што Ти е угодно, само избави нè денес!”

16. И ги отстранија туѓите богови и почнаа пак да му служат на Господа. А Господ веќе не можеше да трпи Израелците да патат.

17. Кога Амонците се собраа и се влогорија во Галад, се собраа и Израелците и се влогорија во Миспа.

18. Тогаш народот и галадските началнци си рекоа едни на други: „Кој човек ќе нè поведе во бој против Амонците, нека биде началник на сите жители на Галад.”

Прочитајте целосна глава Судии 10