Стар Завет

Нов Завет

Судии 10:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. По Авимелеха стана Тола, синот Фуев, син Додов, за да го избави Израел. Тој беше од Исахаровото племе, а живееше во Самир, во Ефремовата Гора.

2. Му беше судија на Израел дваесет и три години, а кога умре, го погребаа во Самир.

3. По него стана Галатецот Јаир, кој му беше судија на Израел дваесет и две години.

4. Имаше триесет синови, кои јаваа на триесет ослиња и имаа триесет градови, што се наречени до денешен ден Јаирови Села, а се наоѓаат во Галадската Земја.

5. Кога умре Јаир, го закопаа во Камон.

Прочитајте целосна глава Судии 10