Стар Завет

Нов Завет

Софонија 1:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Молкни пред Господа Бога, зашто е близу Господовиот ден! Да, Господ ја подготви жртвата, ги освети своите повиканици.

8. „Во денот на Господовата жртва ќе ги казнам кнезовите, царските синови, и сите кои се облекуваат со туѓинска облека.

9. Ќе ги казнам во тој ден, сите кои прескокнуваат преку прагот, кои домовите на своите господари ги полнат со насилство и измама.

10. Во оној ден - говори Господ - ќе се дигне викотница од Рибната Врата, плач од новиот дел на градот, големо разурнување на ридови.

Прочитајте целосна глава Софонија 1