Стар Завет

Нов Завет

Рут 2:19-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Свекрвата ја праша: „Каде доприбираше денес? Каде работеше? Нека биде благословен оној кој погледна на тебе!” Тогаш таа и раскажа на свекрвата кај кого работела и рече: „Човекот кај кого работев денес се вика Воз.”

20. Тогаш Ноемина и рече на својата снаа: „Нека Господ го благослови оној кој не ги лиши од својата милост ни живите ни мртвите!” И Ноемина додаде: „Тој човек е од нашиот род; еден од нашите роднини.”

21. Моавката Рута раскажа натаму: „Уште ми рече: ‘Држи се покрај моите работници додека не ожнеат сè мое!’”

22. Тогаш Ноемина и рече на Рута, на својата снаа: „Добро е, ќерко моја, оди по неговите трудбеници за да не ти биде неприлика на некоја друга нива.”

Прочитајте целосна глава Рут 2