Стар Завет

Нов Завет

Рут 1:2-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Тој човек се викаше Елимелех, жена му Ноемина, а двата негови сина: Малон и Хелеон; сите беа Ефратци од Јудиниот Витлеем. Стигнаа во Моавските Полиња и тука се населија.

3. Тогаш Елимелех, Ноеминиот маж, умре, и таа остана сама со своите два сина.

4. Тие се оженија со Моавки; едната се викаше Орфа, а другата Рута. И таму живееја десет години.

5. Тогаш умреа Малон и Хелеон, и така Ноемина остана и без своите два сина и без својот маж.

6. Тогаш таа се крена, со своите снаи, да си отиде од Моавските Полиња, зашто чу во Моавските Полиња дека Бог го посетил Својот народ и му дал леб.

7. И така таа си отиде од местото каде живееше, а со неа и нејзините снаи; тргнаа на пат за да се вратат во Јудината Земја.

8. Тогаш Ноемина им рече на своите две снаи: „Вратете се секоја во домот на својата мајка! Господ нека ви биде милостив како што бевте вие кон покојниците и кон мене!

9. Господ нека ви додели двете да најдете мир, секоја во домот на својот маж!” И ги пољуби, а тие се расплакаа гласно.

10. И и рекоа: „Не! Ние ќе дојдеме со тебе, при твојот народ.”

11. Но Ноемина им рече: „Вратете се назад, ќерки мои! Зошто би сте иделе со мене? Зар ќе имам уште синови во својата утроба, кои би ви биле мажи?

Прочитајте целосна глава Рут 1