Стар Завет

Нов Завет

Псалми 92:2-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. да се навестува Твојата љубов наутро и Твојата верност ноќе;

3. на харфа со десет жици и на псалтир, со песна на лира.

4. Зашто Ти ме развесели со Твоите дела, о Господи. Ќе се радувам на делата од Твоите раце.

5. Колку се големи Твоите дела, Господи, и длабоки се Твоите замисли!

6. Безумниот човек не сознава, и неукиот не сфаќа.

7. И ако безбожниците никнуваат како трева, и ако цветаат сите, кои прават зло, одредени се за вечна пропаст;

Прочитајте целосна глава Псалми 92