Стар Завет

Нов Завет

Псалми 89:6-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Зашто кој Му е рамен на Господа во облаците? Кој Му е сличен на Господа меѓу Божјите синови?

7. Бог е стравичен во собранието на светите, велик и страшен за сите околу Себе.

8. Господи, Боже над Воинствата, кој е како Тебе? Силен Си, Господи, и вистината Те опкружува.

9. Ти му заповедаш на бурното море, ја скротуваш силата на неговите бранови;

10. Ти го сосече и го згази Раав, со силна мишка ги распрсна Твоите непријатели.

11. Твои се небесата и Твоја е земјата, Ти го создаде земниот круг и сè што е на него;

12. Ти создаде север и југ, Тавор и Ермон се радуваат на Твоето име.

13. Твојата мишка е силна, раката цврста, десницата крената.

14. Правдата и справедливоста се основа на Твојот престол, љубовта и вистината чекорат пред Тебе.

15. Блазе му на народот свикнат со светите воскликнувања, тој оди во сјајот на Твоето лице, Господи.

16. Секогаш се радува во Твоето име, и со Твојата правда се воздига.

17. Зашто Ти си слава на неговата сила, по Твоја милост расте нашата сила.

18. Зашто Господ е наш штит, Израелевиот Светец е наш Цар.

19. Некогаш во видение им зборуваше на Своите свети: „На јунакот му ставив круна на главата, го издигнав избраникот од народот;

Прочитајте целосна глава Псалми 89