Стар Завет

Нов Завет

Псалми 89:28-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. За него ќе ги запазам довека: Мојата милост и Мојот верен Сојуз.

29. Ќе го направам вечно неговото потомство, и неговиот престол како небесен ден.

30. Ако неговите синови го остават Мојот Закон и не одат според Моите наредби;

31. ако ги престапат Моите одредби и не ги чуваат Моите заповеди;

32. со прачка ќе го казнам нивното недело, со лути ударци нивната вина,

33. но нема да му ја одземам Мојата наклоност, ниту ќе ја прекршам Мојата вистина.

34. Нема да го нарушам Мојот Завет и не ќе го одречам Моето ветување.

35. Еднаш се заколнав во Мојата светост: нема да го измамам Давида.

36. Неговото потомство ќе остане довека, неговиот престол, пред Мене, како сонце.

37. Ќе остане довека како месечина, верен сведок на небото.”

38. А сега Ти го одби и го отфрли, многу се разгневи на својот помазаник.

39. Го презре Сојузот со Твојот слуга, и ја понизи до земја неговата круна.

40. Ги разурна сите негови ѕидови, ги фрли во урнатини неговите тврдини.

Прочитајте целосна глава Псалми 89