Стар Завет

Нов Завет

Псалми 89:23-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Ќе ги разбијам пред него неговите противници, ќе ги погубам неговите мразители.

24. Мојата верност и Мојата добрина ќе бидат со него, и во Мое име ќе му расте силата.

25. Ќе ја испружам неговата рака до морето, неговата десница до Реката.

26. Тој ќе Ме вика: *Татко мој! Боже мој и карпа на моето спасение.*

27. А Јас ќе го направам првороденец, најголем меѓу царевите на светот.

28. За него ќе ги запазам довека: Мојата милост и Мојот верен Сојуз.

29. Ќе го направам вечно неговото потомство, и неговиот престол како небесен ден.

30. Ако неговите синови го остават Мојот Закон и не одат според Моите наредби;

31. ако ги престапат Моите одредби и не ги чуваат Моите заповеди;

32. со прачка ќе го казнам нивното недело, со лути ударци нивната вина,

33. но нема да му ја одземам Мојата наклоност, ниту ќе ја прекршам Мојата вистина.

34. Нема да го нарушам Мојот Завет и не ќе го одречам Моето ветување.

35. Еднаш се заколнав во Мојата светост: нема да го измамам Давида.

36. Неговото потомство ќе остане довека, неговиот престол, пред Мене, како сонце.

Прочитајте целосна глава Псалми 89