Стар Завет

Нов Завет

Псалми 89:15-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Блазе му на народот свикнат со светите воскликнувања, тој оди во сјајот на Твоето лице, Господи.

16. Секогаш се радува во Твоето име, и со Твојата правда се воздига.

17. Зашто Ти си слава на неговата сила, по Твоја милост расте нашата сила.

18. Зашто Господ е наш штит, Израелевиот Светец е наш Цар.

19. Некогаш во видение им зборуваше на Своите свети: „На јунакот му ставив круна на главата, го издигнав избраникот од народот;

20. го најдов Давида, Својот слуга, го помазав со Своето свето масло,

21. за да остане Мојата рака секогаш со него и Мојата мишка да го крепи.

22. Нема да го надмудри непријател, ниту да го превали синот на беззаконието.

23. Ќе ги разбијам пред него неговите противници, ќе ги погубам неговите мразители.

24. Мојата верност и Мојата добрина ќе бидат со него, и во Мое име ќе му расте силата.

25. Ќе ја испружам неговата рака до морето, неговата десница до Реката.

26. Тој ќе Ме вика: *Татко мој! Боже мој и карпа на моето спасение.*

27. А Јас ќе го направам првороденец, најголем меѓу царевите на светот.

28. За него ќе ги запазам довека: Мојата милост и Мојот верен Сојуз.

Прочитајте целосна глава Псалми 89