Стар Завет

Нов Завет

Псалми 78:55-66 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

55. Пред нив ги истера многубошците, со јаже им го подели наследството, ги насели израелските племиња под нивните шатори.

56. А тие го искушуваа и Го гневеа Сèвишниот Бог и не ги исполнуваа Неговите заповеди.

57. Отпаднаа, изневерија, како нивните татковци, затаија како неверен лак.

58. Го принудија со своите високи места, Го поттикнуваа на завист со своите идоли.

59. Бог виде и пламна со гнев, го отфрли целосно Израел.

60. И го напушти Своето престојувалиште во Силом, шаторот во кој живееше меѓу луѓето.

61. И ја предаде во ропство Својата Сила, и Својата Слава во непријателски раце.

62. Го предаде на меч Својот народ, се разгневи на Своето наследство.

63. Огнот ги проголта нивните момчиња, нивните девици не се омажија.

64. Нивните свештеници паднаа од меч, не заплакаа нивните вдовици.

65. Тогаш, Господ се тргна како од сон, како Воин совладан од вино.

66. Ги удри Своите непријатели, ги одби назад, им зададе вечен срам.

Прочитајте целосна глава Псалми 78