Стар Завет

Нов Завет

Псалми 78:46-55 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

46. И ја предаде нивната жетва на скакулците и плодот на нивната мака на гасениците.

47. Ги удри со град нивните лозја, а со мраз нивните смокварници.

48. И го предаде на град нивниот добиток, и на секавиците нивните стада.

49. Ја излеа врз нив сета жестокост на Својот гнев, на јароста, бесот и неволјата: ги испрати на нив ангелите на несреќата.

50. И отвори пат за Својот гнев: не им го поштеди животот од смртта, го предаде на помор нивниот живот.

51. Порази во Египет сè првородено, првенците во Хамовите шатори.

52. И го поведе Својот народ како овци, и ги водеше како стадо низ пустината.

53. Ги водеше безопасно и не се плашеа, а морето ги покри нивните непријатели.

54. Тој ги одведе во Својата Света Земја, на бреговите што ги освои Неговата десница.

55. Пред нив ги истера многубошците, со јаже им го подели наследството, ги насели израелските племиња под нивните шатори.

Прочитајте целосна глава Псалми 78