Стар Завет

Нов Завет

Псалми 78:39-50 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

39. Си спомнуваше дека се тело, и здив што заминува и не се враќа веќе.

40. Колку Го огорчуваа во пустината, и Го жалостеа во безводен крај!

41. Сè наново Го искушуваа Бога и Го ограничија Израелевиот Светец,

42. не спомнувајќи си за Неговата рака, ни за денот кога ги избави од непријателите,

43. ни за Неговите знаци во Египет, ни за чудесните дела во Зоанското Поле.

44. Им ги претвори реките во крв, и нивните потоци, за да не пијат.

45. Испрати стршели на нив, за да ги погубуваат.

46. И ја предаде нивната жетва на скакулците и плодот на нивната мака на гасениците.

47. Ги удри со град нивните лозја, а со мраз нивните смокварници.

48. И го предаде на град нивниот добиток, и на секавиците нивните стада.

49. Ја излеа врз нив сета жестокост на Својот гнев, на јароста, бесот и неволјата: ги испрати на нив ангелите на несреќата.

50. И отвори пат за Својот гнев: не им го поштеди животот од смртта, го предаде на помор нивниот живот.

Прочитајте целосна глава Псалми 78