Стар Завет

Нов Завет

Псалми 76:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи. На жичани свиралки. Асафов псалм. Песна. Бог е познат во Јудеја, Неговото име е величествено во Израел!

2. Неговото живеалиште е во Салим, а престојувалиштето на Сион.

3. Тој ги искрши таму: огнените стрели на лаковите, штитовите, мечевите, и оружјето бојно.

4. Блескав си од светлина, повеличествен од древните планини.

5. Ограбени се оние што имаа тврдо срце, и го сонуваат својот сон - им онемоштија рацете на сите храбри.

6. Од Твојата закана, Боже Јаковов, се скаменија колите и коњите.

Прочитајте целосна глава Псалми 76