Стар Завет

Нов Завет

Псалми 74:1-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Асафово учење. Боже зошто нè отфрли засекогаш, зошто врие Твојот гнев против овците на Твоето пасиште?

2. Спомни си за собранието што го придоби одамна, племињата што ги искупи како Свое наследство, и Сионските Планини, каде што си Се населил.

3. Зачекори кон вечните урнатини; непријателот разори сè во Светилиштето.

4. Твоите противници викаа на средина на Твоето собрание, своите знаци ги поставија како знаци на победата.

5. Беа како оние што мавтаат со секира по густи шуми.

6. И сега со секира и чекан ги кршеа резбите.

7. Го предадоа на оган Твоето Светилиште, го онечистија до земја Живеалиштето на Твоето име.

8. Рекоа во своето срце: „Ги истребивме заедно; изгорете ги сите Божји светилишта на земјата!”

9. Не ги гледавме своите знаци, нема веќе пророци, и никој меѓу нас не знае до кога...

10. О Боже, уште до кога непријателот ќе се потсмева? Дали непријателот ќе го презира Твоето име довека?

11. Зошто ја повлекуваш раката и зошто ја криеш во крило Својата десница? Оттргни ја од своето крило, погуби ги!

12. Но, Бог е мој Цар од древноста, Тој, Кој спасува среде земјата!

13. Ти, со Својата сила, го расече морето, ги смачка главите на морските чудовишта, во водите.

14. Ти му ги скрши главите на Левијатана! Го даде за храна на народите пустински.

15. Ти овозможи да потечат извор и буица, Ти ги пресуши непресушливите реки.

Прочитајте целосна глава Псалми 74