Стар Завет

Нов Завет

Псалми 68:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи. Давидов псалм. Песна. Нека се крене Бог! Нека се разбегаат Неговите непријатели, нека избегаат пред Него сите Негови мразители!

2. Како што исчезнува димот, нека ги снема и нив! Како што се топи восокот врз оган, така нека ги снема грешниците пред Божјото лице!

3. Нека се радуваат праведните, нека Му пеат на Бога, нека воскликнуваат од радост.

4. Пејте на Бога, славете го Неговото име! Порамнете го патот на Оној, Кој оди низ пустината, чие име е Господ - и радувајте се пред Него!

5. Татко на сирачињата, бранител на вдовиците, Бог е во Своето свето Живеалиште.

Прочитајте целосна глава Псалми 68