Стар Завет

Нов Завет

Псалми 60:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началникот на пејачите. На Шушан-Едут. Давидово писмо за поучување, кога тој војуваше со Месопотамска Сирија и со Совската Сирија, и кога Јоав, враќајќи се порази дванаесет илјади Идумејци во Солената Долина. Боже, Ти нè отфрли и ни ги проби бојните редови, Ти се разгневи, а сега врати нè пак!

2. Ја потресе земјата, ја распука, затвори и ги проломите, зашто таа се разнишала.

3. Му навали зла коб на Твојот народ, нè напи со вино што омајува.

4. Им даде знаме на оние кои се бојат од Тебе, за да избегаат пред непријателскиот лак.

5. За да се избават Твоите возљубени, помогни со Твојата десница, послушај ме.

6. Бог рече во Своето Светилиште: „Ќе го поделам Сихем со радосни извици, ќе ја измерам долината Сокхот.

7. Мој е Галад, Мој е Манасиј, Ефрем Ми е кацига, - Јуда Мој жезал.

8. Моав е сад од кого се мијам, врз Едом ќе ги фрлам Моите обувки, ќе славам победа над Филистејците!”

9. Кој ќе ме доведе до утврдениот град? Кој ќе ме доведе до Едом?

Прочитајте целосна глава Псалми 60