За началникот на пејачите. На Шушан-Едут. Давидово писмо за поучување, кога тој војуваше со Месопотамска Сирија и со Совската Сирија, и кога Јоав, враќајќи се порази дванаесет илјади Идумејци во Солената Долина. Боже, Ти нè отфрли и ни ги проби бојните редови, Ти се разгневи, а сега врати нè пак!