Стар Завет

Нов Завет

Псалми 49:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Човек не може никако да го откупи брата си, ниту да му даде на Бога откупнина:

8. цената на животот е превисока и никогаш не ќе ја плати,

9. за да може да живее довека и да не ја види гробната јама.

10. Зашто, и мудрите умираат, гинат и лудиот и безумниот; своите богатства им ги оставаат на други.

11. Во себе мислат; нивните куќи ќе останат засекогаш, нивните станови од колено до колено, иако ги наречуваат земјите со свои имиња.

12. Но човекот со сета своја слава не ќе трае. Сличен е на животните што гинат.

Прочитајте целосна глава Псалми 49