Стар Завет

Нов Завет

Псалми 30:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. О Господи, со Својата добрина, Ти ме постави на гората на надежта, но штом ќе го скриеш Твоето лице, целиот се уплашувам.

8. Тогаш, Господи, извикав кон Тебе, и Го помолив Господа:

9. „Каква полза од мојата крв, каква корист ако слезам в гроб? Зар правта ќе те слави и ќе ја проповеда Твојата вистина?”

10. Послушај Господи, и смилувај ми се; Господи, биди ми помошник!

11. Го обрна мојот плач во играње, ја симна од мене вреќата и ме препаша со радост.

12. Затоа мојата душа Ти пее и нема да молкне: Господи, Боже мој, Ќе Те фалам довека!

Прочитајте целосна глава Псалми 30