Стар Завет

Нов Завет

Псалми 126:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Песна на воздигање. Кога Господ ги враќаше сионските заробеници, ни беше како да сонуваме.

2. Устата ни беше полна со смеење, а јазикот со пеење. Тогаш меѓу народите се зборуваше: „Господ направи големи дела за нив!”

3. Господ ни направи големи дела: пак сме радосни!

4. Врати ги, о Господи, нашите заробеници, како негевските потоци!

5. Оние што сејат со солзи, жнијат со песни.

6. Одеа со плачење, носејќи го семето за сеење: навистина ќе се враќаат со песна, носејќи ги своите снопови.

Прочитајте целосна глава Псалми 126