Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 8:13-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Не, нечесниот човек нема да биде среќен и нема да ги продолжува своите денови ни како сенка, зашто не се бои од Бога.

14. Но на земјата е суета, па праведниците ги стигнува според делата на нечесните, а нечестивите - според делата на праведниците. Велам и тоа е суета.

15. Затоа ја славам веселбата, зашто нема среќа за човекот под сонцето, туку во јадењето, во пиењето и во насладувањата. И тоа нека го придружува во неговиот труд за време на животот што Бог му го даде под сонцето.

16. Кога го насочив срцето за да ја познаам мудроста, се обидов да сфатам што се работи на земјата. Навистина, човекот не наоѓа спокојство ни дење ни ноќе.

17. Го набљудувам целокупното Божјо дело: и навистина никој не може да го долови онаа што се збиднува под сонцето. Зашто колку и да се труди човек да го открие, никогаш не може да го открие. Па ни мудрецот не може да го открие тоа, иако мисли дека знае.

Прочитајте целосна глава Проповедник 8