Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 2:19-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Кој знае дали тој ќе биде мудар или луд? Па сепак тој ќе биде господар на сета моја мака во која ги вложив сето свое напрегање и мудроста под сонцето. И тоа е суета.

20. И почнав да очајувам заради големиот напор со кој се трудев под сонцето.

21. Зашто човекот се труди мудро и со знаење и успешно, па сè тоа треба да го остави во наследство на друг, кој воопшто не се трудел околу тоа. И тоа е суета и големо зло.

22. Зашто што добива човекот за својот напор и труд што ги поднесува под сонцето?

Прочитајте целосна глава Проповедник 2