Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 12:4-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. кога се затвораат уличните врати, ослабува шумот на мелницата, кога стивнува пеењето на птиците и замруваат звуците на песната.

5. Кога патот надолу е мака, и секое излегување закана; а бадемот е во цутење, и скакулецот не скока веќе, и бадемовиот плод пука, зашто човекот си оди во својот вечен дом! А тажачките веќе се движат по улиците.

6. Пред да се скине сребрената врвца и се скрши златната светилка и се распарчи врчвата на изворот и се разбие тркалото над бунарот;

7. и се врати правот во земјата како што дојде од неа; а духот се врати при Бога, Кој го даде.

8. „Суета над суетите,” вели Проповедникот, „сè е суета.”

9. А освен тоа, зашто самиот Проповедник беше мудар, тој и народот го учеше на мудрост, па измери, проучи и состави многу мудри изреки.

10. Воедно Проповедникот се трудеше да најде прикладни зборови и да ја изрази направо вистината.

11. Беседите на мудрите луѓе се како остени и како закачени колци: пастирот се служи со нив за доброто на своето стадо.

12. И на крај, сине мој, знај дека е потребно неизмерливо многу труд за да се напише книга, и дека многу учење го уморува телото.

13. Да го чуеме завршниот збор за сè: „Бој се од Бога, исполнувај ги Неговите заповеди, зашто во тоа е сè за човекот.”

Прочитајте целосна глава Проповедник 12