Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 12:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И спомнувај си за својот Создател во деновите на својата младост, пред да дојдат лоши денови и пред да пристигнат годините, кога ќе речеш: „Не ми се милеат.”

2. Пред да се помрачат сонцето и светлината, месечината и ѕвездите, и да се вратат облаците по дождот.

3. Во денот кога затреперуваат чуварите на куќите и се наведнуваат јунаците, и се здодеваат мелничарките, зашто се премалку, и се помрачуваат оние кои гледаат низ прозорците;

4. кога се затвораат уличните врати, ослабува шумот на мелницата, кога стивнува пеењето на птиците и замруваат звуците на песната.

5. Кога патот надолу е мака, и секое излегување закана; а бадемот е во цутење, и скакулецот не скока веќе, и бадемовиот плод пука, зашто човекот си оди во својот вечен дом! А тажачките веќе се движат по улиците.

6. Пред да се скине сребрената врвца и се скрши златната светилка и се распарчи врчвата на изворот и се разбие тркалото над бунарот;

7. и се врати правот во земјата како што дојде од неа; а духот се врати при Бога, Кој го даде.

8. „Суета над суетите,” вели Проповедникот, „сè е суета.”

Прочитајте целосна глава Проповедник 12