Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 1:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Зборови на Проповедникот, Да-видовиот син, царот во Ерусалим.

2. ”Суета над суетите, вели Проповедникот, суета над суетите, сè е суета!”

3. Каква му е ползата на човекот од сиот негов труд, со кој се труди под сонцето?

4. Едно поколение заминува, друго доаѓа, а земјата останува секогаш.

5. Сонцето изгрева, сонцето заоѓа и тогаш брза кон своето место откаде изгрева.

6. Ветерот дува кон југ, и се свртува кон север, виори сега наваму сега натаму, и се враќа во нов виор.

7. Сите реки течат во морето, и морето не се преполнува; од каде што течат реките, таму се враќаат за да го почнат повторно својот тек.

Прочитајте целосна глава Проповедник 1