2. Папокот ти е тркалезна чаша, што никогаш не е без пијалак; мевот ти е како стог пченица, заграден со лилјани.
3. Твоите две гради се како две срничиња- близначиња на срната.
4. Твојот врат е како столб од слонова коска. Твоите очи се како езерчињата во Есевон, кај Ватравимската Врата. Носот ти е како ливанска стражарница, што гледа кон Дамаск.
5. Твојата глава е како гората Кармил, а косата на главата како црвено сукно, и царот се сплетка во нејзините плетенки.
6. Колку си прекрасна, колку си привлечна, о, највозљубена, меѓу милините!
7. Растот твој е како палма, твоите гради се гроздови.
8. Си реков: ќе се искачам на палмата, да ги дофатам нејзините врвови; а твоите гради ќе бидат како гроздови на лоза; мирисот на твојот здив како јаболка.
9. Твојата уста е како најдобро вино, што тече направо кон мојот возљубен, како што тече низ усните на заспаните.