Стар Завет

Нов Завет

П.надпесн. 2:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Јас сум саронски цвет, лилјан во долина!

2. Што е лилјанот меѓу трњето, тоа е мојата возљубена меѓу девиците.

3. Што е јаболкницата сред горските дрва, тоа е мојот возљубен меѓу младите. Сакам да седам во нејзината сенка; а нејзините плодови му се слатки на моето грло.

4. Ме воведе во собите на виното и ме покри со знамето на љубовта.

5. Поткрепете ме со колачиња, освежете ме со јаболка, зашто јас сум изнемоштена од љубов.

6. Неговата лева рака ми е под главата, а со десната ме прегрнува.

7. Ве заколнувам, ерусалимски ќерки, во полските срни и елени, не ја будете и не ја тревожете мојата љубов, додека самата не посака.

Прочитајте целосна глава П.надпесн. 2