Стар Завет

Нов Завет

П.еремиин 4:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Како потемне златото, тоа суво злато! Светото камење се истури по аглите на сите улици.

2. Сионските синови, некогаш ценети како најчисто злато, ах! сега ги ценат како глинени садови, како дело на грнчаревите раце!

3. Па и шакалите ги подаваат градите и ги дојат младите, но ќерките на мојот народ станаа сурови како ноеви во пустината.

4. Јазикот на доилчето се лепи за непцето од жед. Децата пиштат за леб, а никој да им го даде.

Прочитајте целосна глава П.еремиин 4