Стар Завет

Нов Завет

П.еремиин 3:49-60 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

49. Моите очи леат солзи непрекратно, зашто нема прекратување

50. додека Господ не погледа и не види од небесата.

51. Моето око ми задава болка заради ќерките на мојот град.

52. Упорно како птица ме гонат сите, кои ме мразат, а без причина.

53. Го фрлија мојот живот во јама и ја затрупаа со камења.

54. Водата ми стигна над главата, си реков себеси: „Загинав!”

55. И тогаш го повикав Твоето име Господи, од најдлабоката јама.

56. Ти го чу мојот глас: Не затнувај си ги ушите на моите повици!

57. На денот на моето молење за помош беше близу до мене, велеше: „Не бој се!”

58. Ти, Господи, избори правда за мојата душа, Ти го избави мојот живот.

59. Ти, Господи, виде како ме угнетуваат, пресуди ми правда.

60. Ти ја виде сета нивна одмазда, сите измами против мене.

Прочитајте целосна глава П.еремиин 3