Стар Завет

Нов Завет

П.еремиин 3:43-53 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

43. Опфатен од Својот гнев, нè гонеше, нè умртвуваше и не нè штедеше.

44. Се завитка со облак, за да не стигне молитвата до Тебе.

45. Направи од нас гној и мерзост меѓу народите.

46. Сите наши непријатели отворија уста против нас.

47. Ужасот и јамата ни беа судбина, пропаст и гибел!

48. Потоци солзи течат од моите очи заради пропаста на Ќерката на мојот народ.

49. Моите очи леат солзи непрекратно, зашто нема прекратување

50. додека Господ не погледа и не види од небесата.

51. Моето око ми задава болка заради ќерките на мојот град.

52. Упорно како птица ме гонат сите, кои ме мразат, а без причина.

53. Го фрлија мојот живот во јама и ја затрупаа со камења.

Прочитајте целосна глава П.еремиин 3