Стар Завет

Нов Завет

П.еремиин 3:14-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Станав смешен за својот народ, секојдневна нивна песна.

15. Ме хранеше со горчина, ме напојуваше со пелин.

16. Ме оставаше да ги кршам забите гризејќи камен, ме закопуваше во пепел.

17. И го одзеде мирот на мојата душа, и ги заборавив добрите работи.

18. Реков: дотраја мојата сила и надежта, која ми доаѓа од Господа.

19. Спомни си за мојата беда и страдањата, за пелинот и за отровот!

20. Непрекратно мисли на тоа и се суши душата во мене.

21. Тоа го носам во срцето и затоа се надевам.

Прочитајте целосна глава П.еремиин 3