Стар Завет

Нов Завет

П.еремиин 1:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Како седи осамена престолнината, некогаш полна со народ; стана како вдовица, некогаш голема меѓу народите. Владетелката над покраините, сега поданичка.

2. Ноќите ги поминува плачејќи горко, со солзите ги покрива образите. Нема никого да ја утеши, од сите кои ја љубеа. Сите пријатели ја изневерија и и станаа непријатели.

3. Протеран е Јуда, во неволја е и на тешко заточение. Сега живее меѓу многубожците, не наоѓа починка. Сите гонители ја достигаат во теснините.

4. Сионските патишта тагуваат, зашто никој не доаѓа на прослави. Сите врати се разурнати, свештениците воздивнуваат, расплакани се неговите девици, а тој е полн со горчило.

5. Сега господарат неговите угнетувачи, непријателите ликуваат: Господ го ражалости заради неговите премногу гревови. Децата му отидоа на заточение пред угнетувачот.

6. Се повлече од Сионската Ќерка сета нејзина слава. Кнезовите и станаа како елени, кои не наоѓаат пасиште, немоќно одат тие пред гонителите.

7. Ерусалим си спомнува за деновите на бедата и скитањето, кога народот му падна во рацете на непријателот, а никој не му даде помош. Угнетувачите го гледаа смеејќи се на неговата пропаст.

8. Ерусалим згреши тешко, стана како женината нечистота. Сите што го почитуваа, сега го презираат: зашто ја видоа неговата голота. Тој само плаче и се свртува назад.

9. Скутовите му се извалкани, ни не сонуваше што го чека. Длабоко падна, а никој да го теши. „Погледај ја Господи, мојата неволја: зашто непријателот ликува.”

10. Непријателот посега со раката кон сите негови скапоцености. Гледаше како многубожците навлегуваат во неговото светилиште, оние на кои им го забрани и пристапот во Својот собир.

11. Сиот Негов народ воздивнува барајќи леб; сите даваат бесценети камења за храна, за да живнат повторно. Ете, Господи, погледај, зашто сум презрен!

Прочитајте целосна глава П.еремиин 1