Стар Завет

Нов Завет

Осија 14:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Израелу, врати се кај Твојот Господ Бог, зашто падна заради Твоето беззаконие.

2. Земете ги со себе зборовите и обратете се кон Господа. Речете Му: „Одземи го од нас беззаконието и прими го за добро и ние ќе Ти дадеме благодарни приноси од своите усни.

3. Асирецот нема да нè избави, и не ќе јаваме веќе коњи, ниту ќе му зборуваме на делото на своите раце: „Боже наш!” - зашто сирачето наоѓа милост во Тебе.”

4. Ќе ги исцелам од нивното отпаѓање, ќе ги љубам од сето срце, зашто Мојот гнев се одврати од нив.

5. Ќе му бидам како роса на Израел; тој ќе цвета како лилјан, ќе пушти корен како на Ливан,

Прочитајте целосна глава Осија 14