поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14

Стар Завет

Нов Завет

Осија 14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Израелу, врати се кај Твојот Господ Бог, зашто падна заради Твоето беззаконие.

2. Земете ги со себе зборовите и обратете се кон Господа. Речете Му: „Одземи го од нас беззаконието и прими го за добро и ние ќе Ти дадеме благодарни приноси од своите усни.

3. Асирецот нема да нè избави, и не ќе јаваме веќе коњи, ниту ќе му зборуваме на делото на своите раце: „Боже наш!” - зашто сирачето наоѓа милост во Тебе.”

4. Ќе ги исцелам од нивното отпаѓање, ќе ги љубам од сето срце, зашто Мојот гнев се одврати од нив.

5. Ќе му бидам како роса на Израел; тој ќе цвета како лилјан, ќе пушти корен како на Ливан,

6. ќе ги шири гранките далеку, славата ќе му биде како на маслината, мирисот како Ливан.

7. Пак ќе се врати во Мојата сенка, ќе ја одгледува својата пченица, ќе ги одгледува лозјата што ќе го добијат името на ливанското вино.

8. Ефреме, што имаш ти уште со идолите? Јас го послушав и го погледав. Јас Сум како зелениот чемпрес: преку Мене си плодоносен со плодови.

9. Кој е мудар нека го сфати ова, и разумниот човек нека сознае! Зашто Господовите патишта се прави: праведниците одат по нив, а грешниците паѓаат на нив.