Стар Завет

Нов Завет

Осија 11:9-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Не ќе му дадам веќе замав на гневот, не ќе го сотрувам пак Ефрема, зашто Јас Сум Бог, а не човек; Светец сред тебе - не ќе доаѓам веќе гневен!

10. Тие ќе одат по Господа, Тој ќе го даде Својот глас како лав; а кога ќе го даде својот глас неговите синови ќе дојдат весело од запад;

11. ќе дојдат како птици од Египет, како гулаби од Асирската Земја, и ќе ги населам по нивните куќи. говори Господ.

12. Ефрем ме опколи со лага, и Израелевиот дом со измама. А и Јуда уште Му е непостојан на Бога, на верниот Светец.

Прочитајте целосна глава Осија 11