поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14

Стар Завет

Нов Завет

Осија 11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Додека Израел беше младенец Јас го љубев, го повикав Мојот син од Египет.

2. Но колку повеќе го викав, се подалеку одеа од Мене; им жртвуваа на вааловите идоли, им кадеа на киповите,

3. а Јас го учев Ефрема да оди, држејќи го за неговите раце; но тие не сознаа дека се грижев за нив.

4. Ги привлекував со човечки јажиња, со врските на љубовта; им бев како оној, кој во нивната челуст ја олабавува уздата; се наведнував над него и му давав да јаде.

5. Тој ќе се врати во Египетската Земја, Асирецот ќе му биде цар, зашто не сакаше да се врати кај Мене.

6. Мечот ќе почне да беснее низ неговите градови, ќе ги погуби неговите младенци; ќе голта заради неговите помисли.

7. Мојот народ е наклонет кон отпаѓање, иако го повикуваат кон Вишниот, никој нема да го исправи.

8. Како да постапам со тебе Ефреме, како да те предадам Израелу! Дали да постапам со тебе како со Адма? Дали да постапам со тебе како со Севоим? Моето срце Ми се врати во Мене, милосрдието Ми пламна:

9. Не ќе му дадам веќе замав на гневот, не ќе го сотрувам пак Ефрема, зашто Јас Сум Бог, а не човек; Светец сред тебе - не ќе доаѓам веќе гневен!

10. Тие ќе одат по Господа, Тој ќе го даде Својот глас како лав; а кога ќе го даде својот глас неговите синови ќе дојдат весело од запад;

11. ќе дојдат како птици од Египет, како гулаби од Асирската Земја, и ќе ги населам по нивните куќи. говори Господ.

12. Ефрем ме опколи со лага, и Израелевиот дом со измама. А и Јуда уште Му е непостојан на Бога, на верниот Светец.