Стар Завет

Нов Завет

Осија 10:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Израел беше бујна лоза, таа донесуваше богат плод. И колку повеќе му се раѓаа плодови, толку повеќе ги умножуваше жртвениците; колку побогата му беше земјата, толку понакитени столбови подигаше.

2. Нивното срце е поделено, ќе го исплатат тие тоа! Тој ќе им ги сруши жртвениците, ќе им ги искрши нивните столбови.

3. Тогаш ќе речат: „Ние немаме цар зашто не се боевме од Господа. Та што би сторил тој?

4. Истуруваат зборови, се колнат лажно, склучуваат сојузи; а судот цвета како отровни билки во браздите на полето.

5. За ветавенското теле треперат жителите на Самарија; да, заради него тагува неговиот народ, неговите свештеници тажат над него, над неговата слава, зашто е протерана од него.

6. А самиот него ќе го одвлечат во Асирија за дар на големиот цар. Срам ќе го опфати Ефрема, Израел ќе се црвенее заради својата одлука.

Прочитајте целосна глава Осија 10