поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14

Стар Завет

Нов Завет

Осија 10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Израел беше бујна лоза, таа донесуваше богат плод. И колку повеќе му се раѓаа плодови, толку повеќе ги умножуваше жртвениците; колку побогата му беше земјата, толку понакитени столбови подигаше.

2. Нивното срце е поделено, ќе го исплатат тие тоа! Тој ќе им ги сруши жртвениците, ќе им ги искрши нивните столбови.

3. Тогаш ќе речат: „Ние немаме цар зашто не се боевме од Господа. Та што би сторил тој?

4. Истуруваат зборови, се колнат лажно, склучуваат сојузи; а судот цвета како отровни билки во браздите на полето.

5. За ветавенското теле треперат жителите на Самарија; да, заради него тагува неговиот народ, неговите свештеници тажат над него, над неговата слава, зашто е протерана од него.

6. А самиот него ќе го одвлечат во Асирија за дар на големиот цар. Срам ќе го опфати Ефрема, Израел ќе се црвенее заради својата одлука.

7. Самарија е уништена. Нејзиниот цар ќе исчезне како пена врз површината на водата.

8. Ќе бидат разурнати срамните високи места, Израелевиот грев; трње и чички ќе растат по нивните жртвеници. Тогаш ќе им зборуваат на ридовите: „Покријте не!” и на бреговите: „Паднете на нас!”

9. Грешете повеќе отколку во гавајските денови, Израелу! А и да застанеа таму, не ќе ли ги стигнеше војната како гавајските беззаконици?

10. Ќе ги казнам, како што ќе ми се допадне: народите ќе се соберат против нив за да ги казнат за двојно беззаконие.

11. Ефрем е добро научена јуница, која сака да врши; убавиот врат ќе и го ставам во јарем, ќе го впрегнам Ефрема. Јуда ќе ора, Јаков ќе ги крши грутките.

12. Сејте правда, ќе пожнеете љубов; расчистувајте нови земји: време е да Го барате Господа, додека не дојде и да ви дожди со правда.

13. Оравте безбожност, жнеевте беззаконие, јадевте плод на измама. Се надеваше на својата кола и во мноштвото свои јунаци,

14. затоа бојната врева ќе се разлева низ твоите градови, и сите тврдини ќе ти бидат разурнати како што Салман го разурна Вет Арвел во воен ден, кога мајката ја погубија со нејзините деца.

15. Еве што ви направи Ветил зашто потонавте во зло: во зората ќе го снема за секогаш израелскиот цар!